ПРВ.мк
Црна Хроника

Случајот Данка Илиќ: Обвинителството се огласи по апсењето на полицајците

Случајот Данка Илиќ: Обвинителството се огласи по апсењето на полицајците

Нов пресврт во случајот со двегодишната Данка Илиќ, чие исчезнување во март 2024 година ја потресе Србија и регионот. Осум полициски службеници се уапсени поради сомневање дека со мачење и нанесување тешки телесни повреди ја предизвикале смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на еден од обвинетите во случајот со девојчето.

Вишото јавно обвинителство во Ниш се огласи на 10 ноември, по големиот интерес на јавноста, откривајќи зошто осомничените биле уапсени дури сега.

Според обвинителството, налози за нивно апсење биле издавани и претходно, но Секторот за внатрешна контрола на српското Министерство за внатрешни работи не постапувал по нив.

Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година во службените простории на Полициската управа во Бор, откако бил приведен во рамките на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ.

Обвинителството соопшти дека осумтемина полицајци се осомничени за нанесување тешки телесни повреди со смртни последици, како и за злоставување и мачење во соизвршителство.

Предметот бил преземен од обвинителството во Ниш на 25 април 2024 година, по што започнало собирање докази за околностите на смртта.

Осомничените биле сослушани на 7 ноември 2026 година, а судот им определил притвор.

Обвинителството нагласува дека апсењата се засноваат на доказите собрани во предистражната постапка.

Случајот со исчезнувањето на Данка Илиќ и истрагата за смртта на Далибор Драгијевиќ се одделни постапки, а кривичната одговорност на осомничените полицајци допрва треба да биде утврдена.