Петнаесетгодишно дете загина рано утринава во тешка сообраќајна несреќа на планината Голија во Србија, откако автомобилот во кој се превезувало се превртел.
Според неофицијални информации, малолетникот излетал од возилото при превртувањето и им подлегнал на повредите.
Во автомобилот во моментот на несреќата имало уште три лица. Едно од нив се здобило со тешки телесни повреди, додека состојбата на останатите засега не е соопштена.
Причините за несреќата сè уште не се познати. Во инцидентот учествувало само едно возило, а загинатото дете било од Нови Пазар.
Полициски екипи и пожарникари-спасувачи и понатаму се на терен, каде што се врши увид за утврдување на сите околности под кои се случила трагедијата.
Поради несреќата е откажана традиционалната манифестација „Од Голија оро се вие“, која секоја година се организира со цел промоција на културното наследство и обичаите на овој регион.






