Четиринаесетгодишно момче е тешко повредено откако паднало од височина поголема од 10 метри на Нов Белград, Србија.
Според првичните информации, несреќата се случила во вечерните часови додека тинејџерот си играл со група врсници на еден рид. Се сомнева дека во еден момент ја изгубил рамнотежата и паднал во провалија длабока повеќе од десет метри.
На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата.
Момчето било свесно кога било пронајдено, но по лекарските прегледи биле констатирани тешки повреди на 'рбетот, односно сериозни скршеници на пршлените. Тој итно бил пренесен во болница на понатамошно лекување.
За случајот е известено и надлежното обвинителство, а полицијата извршила увид. Во тек е истрага која треба да ги утврди сите околности под кои се случила несреќата.






