Непознати лица со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле предизвикани материјални оштетувања на зградата и на неколку возила.
Случајот во полиција го пријавил 42-годишен жител на Тетово, кој навел дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма.
По пријавата, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. При увидот биле пронајдени 11 чаури од огнено оружје, а биле констатирани оштетувања на објектот и на повеќе возила кои се наоѓале во непосредна близина.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот, откривање на сторителите и утврдување на мотивот за нападот.
Засега нема официјални информации за можните причини за пукањето, ниту дали напаѓачите биле познати на сопственикот на фирмата. Истрагата продолжува.








