ПРВ.мк
Црна Хроника

50 Израелски авиони удрија во срцето на Техеран: Еве што била метата!

50 Израелски авиони удрија во срцето на Техеран: Еве што била метата!
Kristal

Израелската армија соопшти дека извршила голем воздушен напад во Техеран, при што цел на операцијата бил подземен воен комплекс поврзан со иранскиот врховен лидер Али Хаменеи.

Според информациите од израелските одбранбени сили, во акцијата учествувале околу 50 борбени авиони кои дејствувале врз основа на прецизни разузнавачки информации. Целта бил подземен бункер за кој се тврди дека се користел како центар за воени активности.

Од израелската војска наведуваат дека објектот се наоѓал под повеќе улици во главниот град и бил дел од поширок комплекс со неколку влезови. Според нивната проценка, нападот сериозно го погодил системот за командување и координација на иранските сили.

Очевидци од Техеран изјавиле дека во моментот на нападот се слушнале силни експлозии, а потресите биле почувствувани и во бројни станбени објекти низ градот. Некои жители тврдат дека ударите биле толку силни што прозорците се треселе, а дел од зградите биле разбудени од детонациите.

Засега нема официјални информации од иранските власти за евентуални штети или жртви, ниту пак потврда за обемот на погодената инфраструктура.

Нападот доаѓа во период на зголемени тензии во регионот, а воените аналитичари предупредуваат дека ваквите операции можат дополнително да ја заострат ситуацијата на Блискиот Исток.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo