Планинарскиот клуб „Македон“ утрово соопшти дека нивниот член и креатор на првото лого на Титов Врв Скајрејс, младиот Даниел Деско, починал по кратко боледување.
Од клубот истакнуваат дека Деско беше човек кој ги сакаше и живееше планините – планинареше, трчаше, скијаше и леташе со параглајдери. Тој волонтираше и помогнуваше не само за активностите на клубот „Македон“, туку и за целата заедница.
„Веруваме дека Даниел се вивнал во височините и таму продолжува скромно и достојанствено, како што беше помеѓу нас“, се вели во соопштението на клубот.
Погребот ќе се одржи во сабота на гробиштата во Битола, црква „Св. Петар и Павле“ од 12:00 часот.

















