На 2 април попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево е пронајден маж со прострелна рана.
Неговиот татко го затекнал повредениот во домот и веднаш била повикана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција.
По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било утврдено дека повредата настанала истиот ден на место викано „Чукар“, во атарот на селото Марчино, додека мажот го чистел своето ловечко оружје.
Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска грижа.
Од местото на настанот е подигната ловечката пушка со патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.










