ПРВ.мк
Свет

МОРНИЧАВ НАСТАН: Работници на железница откриле олтар со човечки черепи!

МОРНИЧАВ НАСТАН: Работници на железница откриле олтар со човечки черепи!

За време на изградба на железничка линија во Мексико, работници и археолози направиле необично и морничаво откритие – камен олтар стар околу 1000 години, опкружен со човечки остатоци. Наодот е регистриран во близина на археолошката зона Тула, некогашен центар на цивилизацијата на Толтеците, на околу 88 километри од Мексико Сити.

Според Националниот институт за антропологија и историја на Мексико, станува збор за „момостли“ – олтар со повеќе нивоа, со површина од околу еден квадратен метар. Околу него биле пронајдени четири човечки черепи и долги коски, најверојатно бедрени, како и керамички садови и алатки од обсидијан, што укажува на ритуална употреба.

Археолозите го датираат наодот во периодот од 900 до 1150 година, кога Тула била значаен политички и културен центар. Еден од черепите сè уште бил поврзан со дел од пршлените, што сугерира дека жртвите можеби биле обезглавувани како дел од религиозни ритуали, при што се користеле остри обсидијански ножеви кои оставале траги на коските.

Дополнителните ископувања откриле остатоци од ѕидови и простории околу олтарот, што укажува дека тој се наоѓал во двор на поголем објект, можеби палата или резиденција на елитата. Во следната фаза, коските ќе бидат подложени на детална антрополошка анализа за да се утврдат возраста, полот и потеклото на жртвите.

Ова откритие носи нови сознанија за ритуалите и верувањата на древните цивилизации во овој регион и ја збогатува историјата на Толтеките.