Шведските власти зададоа тежок удар врз руските тајни операции на море. Бродот „Кафа“, долг речиси 100 метри, кој со месеци ги мамеше радарите пловејќи под лажни идентитети, конечно е официјално запленет по филмска акција на шведските маринци.
Сè започна во март, кога вооружени полициски единици се качија на бродот додека тој се обидуваше да се прикраде кон Санкт Петербург. Она што го открија внатре ги потврди најцрните сомнежи: екипажот користел фалсификувани документи, а бродот се обидувал да се скрие зад знамето на Гвинеја, иако 10 од 11 членови на екипажот биле Руси.
Главната истрага е насочена кон шокантното тврдење дека „Кафа“ е дел од руската „флота од сенка“ која превезува украдено жито од окупираните територии на Украина. Шведскиот обвинител Хакан Ларсон потврди дека заплената е извршена по итно барање на странска држава, а истрагата треба да открие каде точно требало да заврши ова украинско богатство.
Експертите предупредуваат дека ваквите стари и сомнителни бродови не служат само за шверц и заобиколување на санкциите. Тие се сметаат за подвижни алтки на руската хибридна војна, способни да предизвикаат еколошки катастрофи или да вршат шпионажа во европски води.
Шведска сега чека зелено светло од судот за да го предаде заробениот брод на оштетената страна. Дали е ова почеток на крајот за тајната флота на Путин на Балтикот?







