ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во својот дом - МВР со детали

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во својот дом - МВР со детали

Шеесет и тригодишен маж од Скопје е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје, по што на местото веднаш излегле полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекар од екипата констатирал смрт на лицето.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе се изврши обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.