На 21 март 2026 година, во 13:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода М.Г. (36) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени растителна и грутчеста материја, како и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


















