ПРВ.мк
Црна Хроника

Фиктивни фактури и милионска штета: Кривична пријава за директор на градинка

Фиктивни фактури и милионска штета: Кривична пријава за директор на градинка

Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишен штипјанец, осомничен за злоупотреба на службената положба додека ја извршувал функцијата вршител на должност директор на Општинската јавна установа – детска градинка во Штип.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот од 12 септември 2023 до 11 мај 2026 година, без да спроведе постапки за јавни набавки, во повеќе наврати реализирал набавки од 47 различни добавувачи.

Како што наведува полицијата, за набавките биле користени фиктивни фактури без соодветна документација, односно без испратници и приемници за стоката, со што биле исплатени вкупно 7.747.515 денари.

Со ваквото постапување, според МВР, биле оштетени буџетот на Општина Штип и средствата на детската градинка, поради што против осомничениот е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Надлежните институции ќе продолжат со постапката за целосно расчистување на случајот.