ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО КУМАНОВО: Маж држел познаник заробен со денови! - Заробен, тепан и присилуван

ХОРОР ВО КУМАНОВО: Маж држел познаник заробен со денови! - Заробен, тепан и присилуван

Во вечерните часови во Куманово, околу 21:15, полицијата привела 35-годишен жител на градот поради сомнение за сериозни кривични дела.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето се сомничи дека во период од доцните вечерни часови на 29 мај до утринските часови на 31 мај, против негова волја задржувало 36-годишен познаник во сопствениот дом.

Во текот на тој период, жртвата била изложена на повеќекратно физичко насилство. Дополнително, според пријавата, осомничениот го присилувал лицето на понижувачки и недозволени дејствија, како и на консумирање наркотични супстанции.

При полициската интервенција и апсење, кај осомничениот биле пронајдени одредени предмети, меѓу кои марихуана и мобилен телефон со траги од бела прашкаста материја, за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосното расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата со цел целосно утврдување на сите околности поврзани со овој случај.