Во Сиднеј, Австралија, денеска се случи вооружен напад за време на јавен собир на плажата Бонди по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука. Двајца напаѓачи отворија оган кон присутните, при што еден осомничен бил смртно застрелан од полицијата, а вториот е уапсен и се наоѓа во критична состојба. Меѓу повредените има и двајца полицајци.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го опиша инцидентот како терористички напад, нагласувајќи дека целта била еврејската заедница во Сиднеј. „Она што требаше да биде ноќ на мир и радост беше уништено од овој ужасен и злобен напад“, рече Минс.
Израелскиот претседател Исак Херцог ја осуди акцијата, нарекувајќи ги напаѓачите „гнасни терористи“ и истакнувајќи ја потребата од глобална акција против растечкиот антисемитизам.
Специјалните полициски единици во Нов Јужен Велс истражуваат сомнителни предмети во околината и воспоставиле безбедносен кордон, додека јавноста е повикана да се држи настрана.
Инцидентот се случи додека стотици луѓе се собирале да ја запалат првата свеќа на Ханука, празник кој трае осум дена и ја одбележува победата на Евреите над окупацијата и чудото на светлината во Храмот. Центральниот ритуал на прославата е палењето на менората, осмокракиот свеќник, кој симболизира повторното воспоставување на верските слободи.
















