ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАВ И ПАНИКА: Семејството моли за помош, 17-годишна девојка исчезна без трага – Ова се деталите

СТРАВ И ПАНИКА: Семејството моли за помош, 17-годишна девојка исчезна без трага – Ова се деталите

Во селото Дрен кај Обреновац веќе една недела трае потрагата по 17-годишната Д. П., која исчезнала на 6 јуни. Семејството е во целосен очај, а секој нов детал околу нејзиното исчезнување ја прави ситуацијата уште поалармантна.

Според изјавата на таткото, девојчето последен пат било видено во попладневните часови, меѓу 14 и 15 часот, по што му се губи секоја трага. Тој наведува дека нејзина другарка тврди дека ја забележала во близина на автомобил, при што стекнала впечаток дека некој ја внел насилно во возилото. Сепак, нема фотографии ниту конкретни докази за овој момент.

Дополнителна вознемиреност кај семејството предизвикува информацијата дека неколку дена по исчезнувањето, девојчето наводно испратило порака до сестра си преку Вибер во која пишувало дека е „добро“. По тоа, телефонот ѝ се исклучил и од тогаш нема никаква комуникација.

Семејството стравува дека пораката можеби не била испратена по нејзина волја и дека некој ја принудил да ја напише. Полицијата од Обреновац и Белград работи на случајот, а потрагата продолжува без прекин.

Граѓаните се повикуваат доколку имаат какви било информации веднаш да се јават во најблиската полициска станица.

Најнови вести