ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ: Влегле со оружје и нападнале ученичка - Ова се деталите

ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ: Влегле со оружје и нападнале ученичка - Ова се деталите

Вистинска драма се одвивала во шпанскиот град Валенсија, каде двајца малолетници на возраст од 13 и 14 години упаднале во средно училиште вооружени со мачета и бејзбол палка, при што повредиле 13-годишно девојче.

Според информациите од шпанските медиуми, инцидентот се случил во училиштето „Ескултор Франческо Бадија“ во населбата Фојос. Малолетниците, кои живеат во соседниот град Албалат делс Сорелс, со себе носеле мачета долга околу 40 сантиметри и бејзбол палка.

При нападот, девојчето се здобило со полесна повреда во пределот на вратот и веднаш добило медицинска помош. За среќа, повредите не биле опасни по живот.

По пријавата од вработените во училиштето, на местото на настанот брзо пристигнале припадници на Цивилната гарда и локалната полиција, кои ги привеле осомничените.

Едниот малолетник останал во притвор, додека другиот бил пуштен на слобода бидејќи е помлад од 14 години и според шпанското законодавство не може кривично да одговара.

Надлежните служби водат истрага за да ги утврдат сите околности и мотивите за овој вознемирувачки инцидент што предизвика загриженост кај родителите и локалната јавност.