ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ ПРОСТУВА: Санкционирани 22 безобѕирни возачи – велешанец возел под дејство на алкохол!

ПОЛИЦИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ ПРОСТУВА: Санкционирани 22 безобѕирни возачи – велешанец возел под дејство на алкохол!

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 22 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу приведените е и возач од Велес, кој управувал возило под дејство на алкохол. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во рамки на акциските контроли, најголем дел од приведените биле затекнати како управуваат возило без положен возачки испит. Такви случаи биле регистрирани во Скопје, Битола, Виница, Куманово, Кавадарци и Тетово. Освен тоа, неколку возачи биле лишени од слобода поради возење под дејство на алкохол, а еден случај се однесувал на управување нерегистрирано возило.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и санкционирање на сите кои ги прекршуваат сообраќајните правила.

Најнови вести