ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ПРЕСЕЧЕ НОВ КАНАЛ: Спречен обид за криумчарење мигранти - МВР со повеќе детали!

ПОЛИЦИЈАТА ПРЕСЕЧЕ НОВ КАНАЛ: Спречен обид за криумчарење мигранти - МВР со повеќе детали!

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С. (35) од Струмица поради сомнение дека сторил кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 јули 2026 година, на Граничниот премин Богородица, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди А5“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од осомничениот.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени пет мигранти од Авганистан. Дополнително, полицијата утврдила дека регистарските таблички поставени на возилото припаѓале на друго патничко возило.

По документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

ИЗВОР: https://24info.mk/sprecheno-kriumcharene-na-migranti-od-avganistan/