Четири лица се лишени од слобода во Битола откако полицијата при преземени мерки кај нив пронашла и одзела марихуана.
Според информациите од МВР, на 15 август околу 22:40 часот полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Р. (28), Џ.М. (24) и Т.В. (27), сите од Битола, како и М.С. (21) од Кичево.
При преземените полициски мерки кај четворицата била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле приведени и задржани за понатамошна постапка, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.







