Малолетно девојче било физички нападнато во текот на ноќта во скопската населба Шуто Оризари, а за случајот е известена полицијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 јули 2026 година околу 14:20 часот, 39-годишна жена во СВР Скопје пријавила дека околу 03:00 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот партнер А.Е. (25).
Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.









