Во Центар, 66-годишен маж пријавил дека бил нападнат во својот дом од неговите два сина, кои се обиделе насилно да му го одземат мобилниот телефон. Инцидентот бил пријавен пред два дена во СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу овој семеен напад.
















