ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Во тешка сообраќајка загина 34-годишен возач - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Во тешка сообраќајка загина 34-годишен возач - ова се деталите!

На 21 февруари 2026 година, околу 00:20 часот, во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат од Виница кон Берово, патничко возило „Сеат Ароса“ со винички регистарски ознаки управувано од М.М. (34) од село Крушево, Виница, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

На лице место извршен е увид од страна на увидна екипа на ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција за утврдување на причините за смртта.

Најнови вести