ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ОД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ - Почина познатата професорка!

ТАЖНА ВЕСТ ОД СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ - Почина познатата професорка!

Со длабока тага е соопштена веста за смртта на проф. д-р Флореша Села, долгогодишна колешка од Средното медицинско училиште на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“.

Од училиштето информираат дека таа ќе остане запаметена по својот висок професионализам, посветеност на работата и исклучителна човечност, со која со години им пристапувала на учениците и колегите.

Колегите истакнуваат дека проф. Села оставила длабока и трајна трага во образованието, воспитувајќи генерации ученици и претставувајќи пример за знаење, достоинство и хуманост во својата професија.

Нејзината смрт е оценета како голема загуба за колективот, за учениците, како и за пошироката образовна и здравствена заедница.

Од училиштето упатија искрено сочувство до семејството и блиските, со порака дека нејзиниот спомен ќе остане траен.