Трагичен настан се случил во ресенското село Грнчари, каде што 67-годишен жител бил пронајден без знаци на живот покрај превртен трактор на земјен пат во атарот на селото.
Според информациите од СВР Битола, случајот бил пријавен во ОВР Ресен околу 21:25 часот. На местото бил пронајден Ф.К. (67), кој лежел покрај превртениот трактор.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а истрагата за околностите под кои дошло до трагичниот настан продолжува.





