ПРВ.мк
Црна Хроника

БЕГСТВО КАКО ОД ФИЛМ ВО КОЧАНИ - Избегал од станица откако полицијата го пронашча ова кај него!

БЕГСТВО КАКО ОД ФИЛМ ВО КОЧАНИ - Избегал од станица откако полицијата го пронашча ова кај него!

Кочанчанецот А.Л. (41), кој претходно бил приведен откако во возило била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит.

Според информациите објавени во полицискиот билтен, на 9 јули 2026 година околу 23:55 часот на влезот во селото Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани.

При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое се наоѓал и А.Л., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Но, според информациите до кои дошле медиуми, 41-годишниот А.Л. следниот ден успеал да избега од полициските простории.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдиле случајот и соопштиле дека на 10 јули во 20:35 часот, во Полициската станица Кочани, лицето А.Л., кое претходно било задржано поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од една просторија отворило прозорец и избегало.

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

Случајот предизвика внимание во јавноста, а надлежните треба да утврдат како приведеното лице успеало да ја напушти полициската станица и дали имало пропусти во обезбедувањето.

Според неофицијални информации објавени во дел од медиумите, А.Л. наводно бил близок до пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но оваа информација засега не е официјално потврдена.