ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Загина жена, ја прегази амбулантно возило со вклучена ротација!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Загина жена, ја прегази амбулантно возило со вклучена ротација!

Повозрасна жена го загубила животот денес на обиколницата околу српскиот град Чачак, откако била удрена од амбулантно возило додека ја преминувала улицата.

Според информации од очевидци, несреќата се случила надвор од пешачки премин, во момент кога амбулантното возило се движело со вклучени светлосни и звучни сигнали. Се наведува дека во возилото имало пациент кој бил на итен транспорт, а по несреќата тој бил префрлен во друго возило и продолжил кон својата дестинација.

Местото на несреќата се наоѓа во близина на раскрсница со семафори и обележани пешачки премини, што дополнително го отежнува утврдувањето на околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од обиколницата бил привремено во прекин, а полицијата врши пренасочување на возилата и истрага за целосно расчистување на случајот.