ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ, ЕДЕН ВОЗАЧ ВОЗЕЛ ПОД ЗАБРАНА - Ова се деталите

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ, ЕДЕН ВОЗАЧ ВОЗЕЛ ПОД ЗАБРАНА - Ова се деталите

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Битола – Маково, во близина на селото Логоварди, повредени се четири лица, од кои двајца се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата е пријавена на 20 јуни во 00:19 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „Ауди“ управувано од 23-годишниот Д.Б. од Логоварди, „Форд“ управувано од 23-годишниот А.П. од Битола, во кое се превезувал и 13-годишен сопатник, како и „Мазда“ управувана од 23-годишниот А.К. од селото Добромири, Општина Новаци, со сопатничка на возраст од 29 години.

Во несреќата тешки повреди добиле возачите А.П. и А.К., додека останатите учесници, меѓу кои и малолетниот сопатник, се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Од МВР информираат дека возачот на „Ауди“ бил лишен од слобода, откако било утврдено дека управувал возило и покрај активна забрана за управување. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.