ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Закопале тело во дворот за да го прикријат злосторството - oбдукцијата открива детали

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Закопале тело во дворот за да го прикријат злосторството - oбдукцијата открива детали

Две лица се приведени во Србија под сомнение дека стојат зад убиството на маж чие исчезнување претходно било пријавено во полиција.

Според српското Министерство за внатрешни работи, истрагата покажала дека во првата половина на април осомничените физички го нападнале и малтретирале мажот во изнајмен стан во Рума. Од здобиените повреди тој починал.

Полицијата се сомнева дека по неговата смрт, телото било пренесено во семејна куќа што осомничените повремено ја користеле. Неколку дена подоцна, за да го прикријат злосторството, го закопале во дворот на имотот.

При увид извршен во координација со Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица, истражителите пронашле тело во фаза на распаѓање. Посмртните останки се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, каде ќе се утврдат точните причини за смртта.

На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред надлежниот обвинител, а истрагата за случајот продолжува.