ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж повеќепати силувал млада девојка со попреченост - МВР со морничави детали!

ХОРОР ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж повеќепати силувал млада девојка со попреченост - МВР со морничави детали!

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод на 31 јули 2026 година го лишиле од слобода М.В.(50) од село во близина на Македонски Брод, поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка од истото село.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, девојката е лице со здравствени проблеми, а случајот бил пријавен и процесуиран од надлежните институции.

По предлог на јавен обвинител и одлука на судија на претходна постапка, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Истрагата за целосно расчистување на случајот продолжува.