Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, при што 67-годишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил електричен тротинет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена на 30 мај околу 19:00 часот во ОВР Гостивар. Непознато лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот В.Т. (67) од Гостивар, по што веднаш го напуштило местото на настанот.
Повредениот пешак бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила полициска екипа од ОВР Гостивар, а се преземаат мерки за идентификација и пронаоѓање на лицето кое по незгодата побегнало.








