ПРВ.мк
Црна Хроника

Џепчиште во шок: 15-годишник уапсен по сериозни закани - еве со што се заканувал!

Џепчиште во шок: 15-годишник уапсен по сериозни закани - еве со што се заканувал!
Kristal

СВР Тетово соопшти дека вчера е лишен од слобода 15-годишник од тетовското село Џепчиште, под сомнение дека испраќал закани за поставување експлозивна направа и извршување напад во средно училиште во Тетово.

Приведувањето се случило околу 14 часот, кога полициски службеници постапиле по судска наредба и извршиле претрес во домот и помошните простории на неговиот татко, Б.М. (44). При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, а присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

По целосно документирање на случајот, против 15-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на вчерашниот ден, за слични закани, беше приведен и 18-годишник од Палатица.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo