Изминатата ноќ, полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија спроведоа акциска контрола во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош, при што беа приведени шест лица.
Во рамки на акцијата биле прегледани и идентификувани 33 лица, а меѓу приведените се: Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37) од Скопје, М.С. (33) од Неготино и Е.Л. (21) од Република Албанија.
При претресот кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и други прашкасти супстанци.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените.


















