Тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Неготино–Штип, при што 67-годишен возач се здобил со тешки телесни повреди откако неговото возило излетало од коловозот и се превртело.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 18 јуни околу 16:50 часот. Патнички автомобил „Опел“ со радовишки регистарски таблички, управуван од С.Р. (67) од Радовиш, од засега неутврдени причини изгубил контрола, излетал од патот и се превртел.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Штип, каде што му била укажана лекарска помош.
По извршените проверки, полициските службеници утврдиле дека возачот го управувал автомобилот под дејство на алкохол. При алкотестирањето му биле измерени 0,50 промили алкохол во крвта.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип, а по целосното документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.









