Сообраќајна несреќа со тешки последици се случила на локалниот пат меѓу Велес и Каменолом, кај местото викано „Гроот“, каде се превртело товарно возило.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 18 април 2026 година околу 15:00 часот, кога товарно возило „ман“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, излетало и се превртело на патот.
Возачот, 61-годишен жител на Велес, се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Велес, а се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.










