ПРВ.мк
Црна Хроника

22-годишник се обидел да украде возило на Брза помош, полицијата пукала кон него

22-годишник се обидел да украде возило на Брза помош, полицијата пукала кон него

Драма се случила синоќа во словенечката област Шкофја Лока, каде полицијата употребила огнено оружје против 22-годишен маж, откако тој, според полициските информации, им се заканувал на луѓе и тргнал кон полицајците со остар предмет.

Полицијата добила повик за итна интервенција околу 21:33 часот по пријава дека маж се заканува со остар предмет на приватен имот. По пристигнувањето на полициските службеници, инцидентот продолжил на јавна површина.

Според досега објавените информации, 22-годишникот во еден момент се обидел да одземе и возило на брза помош. Полицајците му наредиле да го прекине нападот, но тој, според нивните наводи, не ги послушал предупредувањата.

Најпрво бил испукан предупредувачки истрел, а потоа полицајците употребиле службено оружје. Мажот бил тешко повреден и со возило на брза помош пренесен во здравствена установа. Во инцидентот нема други повредени лица.

Словенечките надлежни институции ги истражуваат сите околности на случајот, вклучително и постапувањето на полицајците при употребата на огнено оружје. Известено е и Специјализираното државно обвинителство, а најавена е и внатрешна проверка на полициското постапување.