Дваесетгодишна девојка е повредена во српскиот град Вршац откако нејзината сосетка ја полила со киселина.
Како што дознава српски „Блиц“, драмата се случила на улицата во Вршац каде што живеат двете жени.
„Двете сосетки најпрво се скарале, по што едната од нив заминала дома, зела киселина за чистење тоалети и ја полила другата. Кога нападнатата жена се обидела да се одбрани, сосетката насрнала врз неа и со дрвена мотка“, открива извор за медиумот.
Девојката се здобила со лесни телесни повреди, а на местото на настанот веднаш излегле припадници на полицијата.
Осомничената е спроведена во психијатриска болница
Напаѓачката била веднаш приведена од страна на надлежните органи. Меѓутоа, при истрагата било утврдено дека станува збор за долгогодишен душевен болен, поради што веднаш е пренесена во соодветна психијатриска болница.
Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за нанесување лесни телесни повреди, а обвинителството дополнително ќе одлучува дали против осомничената ќе се покрене судска постапка или ќе ѝ биде изречена мерка за задолжително лекување.







