Полицијата истражува тежок случај во скопската населба Лисиче, откако 32-годишна жена пријавила дека била силувана од две лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 18 јули околу 00:20 часот.
Во врска со настанот, полициските службеници привеле 41-годишен жител на Скопје, додека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Истрагата е во тек, а надлежните најавуваат соодветни законски постапки по целосното документирање на случајо








