ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Мајка ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг - еве каква казна и следува!

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Мајка ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг - еве каква казна и следува!

ОВР Струга поднела кривична пријава против 42-годишна жена од струшко село, поради сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ согласно член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Според официјалните информации, инцидентот се случил во периодот меѓу 08 и 09 јуни 2026 година, во вечерните часови, кога пријавената ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило, додека таа била на работно место. Овој начин на грижа бил оценет како потенцијално загрозување на безбедноста и благосостојбата на децата.

По добиената пријава и во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле активности на терен. При проверка на паркирано возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга, децата биле затекнати како спијат во автомобилот.

Случајот веднаш бил документиран, по што се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување и утврдување на сите околности.