Деветнаесетгодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат во близина на Градскиот парк во Скопје, информираат надлежните служби.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Скопје, нападот се случил на 18 октомври, околу 16:50 часот. Сепак, случајот во полиција бил пријавен дури два дена подоцна, на 20 октомври.
Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот, при што треба да се утврдат сите околности под кои дошло до физичкиот напад. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за напаѓачот или за причините што довеле до инцидентот.








