Во селото Конче, радовишко, две малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале два мотоцикли управувани од 12-годишно и 13-годишно дете.
Според информациите, несреќата се случила на 18 април 2026 година околу 16 часот, кога дошло до судир меѓу двата мотоцикла. Двете деца се од истото село.
Во инцидентот, 13-годишното дете се здобило со тешки телесни повреди, додека 12-годишното поминало со полесни повреди. Повредените биле згрижени во здравствени установи во Штип и Радовиш.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Случајот повторно ја отвора темата за безбедноста во сообраќајот и управувањето моторни возила од страна на малолетници.










