ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна несреќа во Велес: Пешак загина откако беше прегазен од камион

Страшна несреќа во Велес: Пешак загина откако беше прегазен од камион

Педесет и четиригодишен жител на Велес го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска претпладне на улицата „Раштански пат“, откако во него удрило товарно возило.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, несреќата била пријавена околу 11 часот. Товарно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки и приколка со велешки таблички, управувано од 55-годишен велешанец, удрило во пешакот О.Ѓ. (54) од Велес.

Од здобиените повреди пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош. Возачот на камионот е лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

На местото на трагедијата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, кои треба да ги утврдат сите околности под кои се случила несреќата.

Според неофицијални информации, несреќата се случила во непосредна близина на влезот на фирма, а очевидци тврдат дека станува збор за колеги. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Од Итната медицинска помош информираа дека повикот бил примен во 11:05 часот, а нивната екипа пристигнала пет минути подоцна. И покрај брзата интервенција, лекарите можеле само да ја констатираат смртта на 54-годишниот велешанец.

Истрагата за причините и околностите на несреќата продолжува.

Извор: Дума.мк