ПРВ.мк
Црна Хроника

15-годишно момче тешко повредено во судир со „мерцедес“

15-годишно момче тешко повредено во судир со „мерцедес“

Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мопед и патничко возило.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 13 август околу 14:40 часот на улицата „Јабланица“ во Охрид.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (20) од струшкото село Калишта, и мопед со охридски регистарски ознаки, кој го управувал 15-годишникот.

Во судирот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.