Десетгодишно девојче од Радовиш е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Велес, откако било удрено од патничко возило, чиј возач го напуштил местото на настанот.
Од СВР Велес информираат дека случајот бил пријавен истиот ден, по што девојчето било пренесено во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.
Според полицискиот билтен, несреќата се случила околу 16:00 часот на улицата „Јордан Џурнов“, кога патничко возило управувано од непознато лице удрило во малолетничката.
Девојчето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани од лекар во болницата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој побегнал по несреќата.






