Турција се искачи на второто место во Европа според инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија од хидроцентрали, покажуваат најновите податоци на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA).
Со речиси 23.294 мегавати инсталиран хидроенергетски капацитет, Турција ја надмина Франција, Шпанија и Италија, додека на европско ниво пред неа останува само Норвешка.
На светската листа, Турција е рангирана на деветтото место, зад Кина, Бразил, САД, Канада, Индија, Русија, Јапонија и Норвешка.
Развојот на хидроенергијата е дел од пошироката стратегија на земјата за зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, намалување на зависноста од увоз на енергенси и зајакнување на енергетската безбедност.
Според достапните податоци, вкупниот капацитет за производство на електрична енергија во Турција надминува 125.000 мегавати, а дури 63 проценти од него потекнува од обновливи извори на енергија.








