ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ: Експлозија на бојлер предизвикала повреда - ова се деталите!

ИНЦИДЕНТ: Експлозија на бојлер предизвикала повреда - ова се деталите!
Kristal

Рано утринава во Свети Николе се случил сериозен инцидент кога во семеен дом експлодирал електричен бојлер, при што повреден бил сопственикот на куќата.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 26.12.2025 година во 07:29 часот во ОВР Свети Николе, С.П. (49) од Свети Николе пријавил дека околу 06:45 часот во неговиот дом дошло до експлозија на електричен бојлер.

Од силата на експлозијата, пријавителот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани од страна на лекар од Итната медицинска помош. Засега не се соопштува степенот на повредите, но лицето било медицински згрижено.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа, а надлежните служби работат на утврдување на причините за експлозијата и на целосно расчистување на случајот.

FixCredit
Escape