ПРВ.мк
Балкан

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ НАСТАН: Маж брутално искасапил млада девојка - полицијата со детали!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ НАСТАН: Маж брутално искасапил млада девојка - полицијата со детали!
Kristal

Девојка на возраст од 23 години е примена утрово во Ургентниот центар со тешка убодна рана во пределот на лицето, по насилен напад со нож што се случил во белградската населба Вождовац, пренесуваат српските медиуми.

Според првичните информации, инцидентот се случил околу 6 часот наутро, кога повредената девојка со такси возило била донесена во болница, целосно облеана во крв и со сериозни повреди на лицето. Нејзината состојба веднаш барала итна медицинска интервенција.

На лекарите им изјавила дека нападот се случил на подрачјето на Вождовац и дека повредите, како што навела, ѝ биле нанесени од нејзиниот емотивен партнер, кој е странски државјанин. Според нејзиното сведочење, тој ја нападнал со нож, нанесувајќи ѝ тешки повреди во пределот на образот.

Медицинските екипи веднаш започнале со нејзиното згрижување, а од болницата информираат дека девојката е надвор од животна опасност и се наоѓа под постојан лекарски надзор.

Во меѓувреме, полициските служби се ставени во состојба на зголемена подготвеност и интензивно трагаат по осомничениот напаѓач. Истрагата е во тек, а надлежните органи преземаат сите потребни мерки за негово пронаоѓање и приведување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo