ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СТОТИЦИ НА УЛИЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Жестоки протести против луксузниот проект поврзан со зетот на Трамп – бараат оставка од Еди Рама!

(ВИДЕО) СТОТИЦИ НА УЛИЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Жестоки протести против луксузниот проект поврзан со зетот на Трамп – бараат оставка од Еди Рама!

Стотици граѓани излегоа на протест во Албанија изразувајќи незадоволство од изградбата на луксузен туристички комплекс кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите се собраа пред премиерскиот кабинет во Тирана, каде побараа оставка од премиерот Edi Rama, обвинувајќи ја неговата влада дека овозможила реализација на проектот преку измена на Законот за заштитени подрачја.

Според критичарите, законските измени усвоени во парламентот во февруари 2024 година биле донесени со цел да се отвори пат за инвестицијата поврзана со Кушнер, овозможувајќи заштитените зони да станат достапни за изградба на големи туристички комплекси од висок клас.

Протестите се одржаа по инцидент меѓу жители и приватно обезбедување ангажирано од инвеститорот во областа Звернец, каде локалното население тврди дека нивни имоти биле опфатени со спорен процес на експропријација.

Проектот, кој според проценките на локалните медиуми вреди околу 4 милијарди долари, предвидува изградба на луксузен резорт на површина од околу 250 хектари во чувствителниот екосистем Нарта–Звернец, што предизвика силни реакции од еколошки организации.

Иако инвеститорот тврди дека проектот ќе се реализира во согласност со сите законски процедури и дека ќе отвори повеќе од 10.000 работни места, критичарите предупредуваат на сериозни последици по животната средина и на можни политички влијанија зад инвестицијата.

Компанијата поврзана со проектот најави дека ќе преземе правни мерки против секој обид за попречување на изградбата, додека активистите најавија продолжување на протестите и во наредните денови.

Во меѓувреме, проектот повторно ја отвори и дебатата за претходни контроверзии околу слични инвестиции во регионот, вклучувајќи и планови за луксузен хотел во Белград, кои подоцна беа повлечени по серија протести и политички реакции.

ВИДЕО

Најнови вести