ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Два дена го држел затворен, го тепал и го принудувал на орални сексуални дејства и дрога – полицијата лиши од слобода 35-годишник!

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Два дена го држел затворен, го тепал и го принудувал на орални сексуални дејства и дрога – полицијата лиши од слобода 35-годишник!

Полициски службеници од СВР Kumanovo го лишиле од слобода 35-годишниот Д.П. од Куманово, под сомнение дека противправно држел и тешко малтретирал 36-годишен маж во период од два дена.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случувал од 23:00 часот на 29 мај до 07:00 часот на 31 мај, при што осомничениот, со употреба на сила и без согласност, го држел оштетениот во својот дом.

Во пријавата се наведува дека во текот на тој период повеќепати бил извршен физички напад, а жртвата била принудувана на сексуални дејствија и на консумирање дрога.

При полициското приведување, кај осомничениот биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со траги од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомневање дека се поврзани со случајот.

Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести