Силна експлозија синоќа ја вознемирила загрепската населба Трешњевка, откако во дворот пред основно училиште на улицата Нова цеста била активирана моќна пиротехничка направа, објави „Дневник.хр“.
Според изјави на очевидци, во краток временски период се слушнале две експлозии, а ударот бил толку силен што, како што раскажува една жителка од околината, прозорците во блиските објекти видливо се треселе, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај граѓаните.
Од загрепската противпожарна служба информирале дека пријавата за инцидентот ја добиле во 22:56 часот. Станувало збор за пожар на игралиштето во дворот на Основното училиште „Јулије Кловиќ“, кој бил предизвикан од активирање на пиротехничка направа. Пожарот бил брзо локализиран и целосно изгаснат по пристигнувањето на пожарникарите, а во интервенцијата учествувало едно противпожарно возило.














