ПРВ.мк

[ВИДЕО] Масовна тепачка во Сплит – приведени повеќе од 100 навивачи

[ВИДЕО] Масовна тепачка во Сплит – приведени повеќе од 100 навивачи
Jumbo Banner

Малку по 9 часот утрово во Сплит дојде до жесток судир меѓу навивачи, најверојатно поврзан со дербито меѓу Хајдук и Динамо што се игра попладнево на „Пољуд“. Според медиумите, околу 50 маскирани навивачи на Динамо – „Бед Блу Бојс“ – пристигнале во населбата Пујанке и избувнала тепачка со навивачи на Хајдук.

Полицијата брзо реагирала и спречила поголеми немири. Сплитско-далматинската полиција соопшти дека добила пријава во 9:15 часот, по што интервенирала, воспоставила ред и привела голем број лица. Во моментов, повеќе од 100 учесници се приведени, а неколкумина побарале медицинска помош. Во тек се истраги и потрага по останатите учесници.

Полицијата веќе претходно го прогласи денешниот натпревар за натпревар со висок ризик. Гостинските навивачи ќе бидат пречекани кај Дугопоље, каде по контрола ќе бидат организирано транспортирани до стадионот. Влезовите на „Пољуд“ се отвораат во 13:30 часот, а навивачите се повикуваат да пристигнат навреме заради безбедносните проверки.

На стадионот важат строги правила – забрането е внесување алкохол, пиротехника, оружје, како и пеење и носење пораки со омраза или дискриминација. Ќе се врши аудио и видео надзор за време и по натпреварот.

Погледнете го видеото во продолжение:

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран